Поврзете се со нас

Франција

Икарди отворено за својата иднина: Донесов одлука, мојата кариера не е во опасност

Објавено

на

Аргентинскиот офанзивец од редовите на ПСЖ, Мауро Икарди се обрати во јавноста по се повеќето шпекулации кои циркулираат низ медиумите, а се поврзани со неговата иднина.

Икарди кој не е прв избор во ПСЖ беше поврзуван со заминување од клубот, но според последната негова изјава тој и понатаму ќе остане во Париз.

Аргентинецот доколку навистина остане во ПСЖ, речиси сигурно ќе има споредна улога, нешто што не оди во прилог на неговата кариера.

И покрај тоа, Икарди истакна дека ќе остане во ПСЖ и порача никој да не се грижи за неговата кариера.

– Се уште сум под договор со ПСЖ за следните две години. Мојата кариера не е во опасност како што викате вие новинарите. Одлучив да останам во ПСЖ. Не грижете се, имам 29 години и луѓето веќе знаат кој сум откако постигнав речиси 200 голови во кариерата, -јасен беше Икарди.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни