Поврзете се со нас

Франција

Икарди неочекуван херој за ПСЖ, Покетино го освои првиот трофеј во кариерата (Видео)

Објавено

на

Маурисио Покетино седи на клупата на ПСЖ само единаесет дена, а судбината посака неговиот трет натпревар како тренер во Франција да му донесе шанса за прв трофеј во кариерата, што секако не пропушти да го материјализира.

Аргентинскиот струњак пристигна на „Паркот на принцовите“ како максимално ценет и респектабилен стручњак, но сепак реалноста велеше дека до вечерва немаше освоено ниту една титула во кариерата, нешто што се промени по епилогот во Ленс.

„Стад Болар“ беше домаќин на француското Суперкуп финале во кое силите ги одмерија ПСЖ и Марсеј, а сосемеа неочекувано, улогата на херој му припадна на играчот кој речиси да беше прецртан од страна на претходникот на Покетино, Томас Тухел.

Мауро Икарди доби статус на подзаборавена ѕвезда поради начинот на кој беше игнориран од Тухел и потешката повреда која ја заработи, но откако се врати на претходниот меч против Брест како резерва, вечерва беше вистински јунак во Ленс.

Аргентинецот најпрво го постигна првиот гол за водство од 1:0 на ПСЖ во првото полувреме, а во 85-та минута, над него беше направен прекршокот по кој беше покажан пенал. Нејмар беше прецизен реализатор на најстрогата казна, а до крајот Марсеј преку Паје се избори барем за почесен гол и почесен пораз од 2:1 во финалето.

Покетино со овој расплет се израдува на првиот трофеј во кариерата и секако ќе го добие и првиот златен медал, одличје до кое не успеа да дојде во Тотенхем каде беше менаџер повеќе од 2.000 дена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни