Поврзете се со нас

Италија

Икарди e втор најскап продаден фудбалер во историјата на Интер

Објавено

на

Мауро Икарди и дефинитивно ја заврши својата соработка со Интер, откако неговиот договор официјално е откупен од ПСЖ, кој за неговите услуги плати 50 милиони евра, плус опција за дополнителни 8 милиони евра во вид на бонуси.

Икарди стигна и до капитенската лента во Интер, но најпрвин имаше конфликт со навивачите, а потоа без да бидат познати вистинските причини завојува и со раководството на клубот.

Доаѓањето на Антонио Конте само го означи неговиот крај во дресот на Интер, а по едногодишниот заем во ПСЖ, сега и официјално е продаден од италијанскиот клуб.

Аргентинецот стана втора најскапа трансфер продажба во историјата на Интер, а пред него е само Златан Ибрахимовиќ чиј трансфер вредеше 69,5 милиони евра.

1. Ибрахимовиќ 69,5 м.
2. Икарди 50 м.
3. Роналдо 45 м.
4. Ковачиќ 38 м.
5. Балотели 29,5 м.
6. Ето 27 м.
7. Креспо 26 м.
8. Сидорф 22,5 м.
9. Кондогбија 22 м.
10. Фреј 21 м.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни