Поврзете се со нас

Репрезентација

ИХФ за македонската репрезентација: Во потрага по инспирација во Хрватска

Објавено

на

Македонија по деветти пат во својата историја ќе биде дел од најголемата ракометна сцена или поточно мундијалот кој ќе се одржи во Данска, Норвешка и Хрватска.

Нашиот национален тим во првата фаза ќе игра во Вараждин каде за ривали ќе ги има европските селекции Холандија и Унгарија, плус аутсајдерот Гвинеја.

ИХФ ја претстави македонската репрезентација и главниот фокус беше дека бараме инспирација за добар резултат во Хрватска.

-Во потрага по инспирација. Македонија патува во Хрватска на своето седмо учество на Светските првенства. Овој состав ги нема посакуваните  резултати во последно време. Меѓутоа секогаш има можност за подобрување, -порачаа од ИХФ во најавата во тектот во која се споменати резултатите под водство на Кирил Лазаров, а како клучи наши играчи се посочени левиот бек Филип Кузмановски, голманот Никола Митревски и десниот бек Мартин Серафимов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни