Светски првенства
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)

Гонсало Перез де Варгас со години наназад е еден од најдобрите голмани во светот, но што е уште поважно, Шпанецот важи за голем спортски џентлмен.
Шпанскиот голман беше херој во враќањето на „фуријата“ во чудниот меч со Шведска и повеќе од заслужено го понесе МВП признанието по неверојатното реми 29:29, но медиумите од Пиринеите велат дека ИХФ треба да измисли фер-плеј награда на турнирот за Де Варгас.
Во моментите кога изгледаше дека Шпанија е во агонија со шест голови негатива, Ване имаше добра шанса да ја однесе Шведска на „плус седум“ на 20 минути пред крајот, па наместо крај на натпреварот, одбраната на Варгас се покажа како иницијална каписла за кам-бек на Шпанците.
„Фуријата“ на крајот успеа да дојде до израмнување и да освои бод, но најзабележителен момент од 40-та минута и одбранетиот пенал е фер-плеј потегот на Варгас за кое зборува цело ракометно семејство.
За директни удари зададени во глава по еден пенал судиите веднаш покажуваат црвен картон, па иако првично таков протокол беше употребен и со Ване, на крајот не дојде до такво нешто поради чесноста на Шпанецот.
Варгас призна дека топката прво го удрила во рака, а потоа во глава, па така му порача на судијата да ја поништи одлуката и да го остави Швеѓанецот во игра. Оваа негова постапка наидува на многу позитивни коментари во јавноста, па со изјава се јави и самиот Де Варгас по освоениот бод.
– Ни вметнаа правило за голмани со цел да не заштитат, но ние не треба да злоупотребуваме и да сценираме ситуации. Спортски беше да го спречам тоа исклучување и покрај тоа што имавме шест голови негатива, – изјавил Варгас за шпанските медиуми.
🟥Gonzalo Pérez de Vargas perdona la roja al sueco Wanne tras afirmar que el lanzamiento no iba a la cabeza del portero. #HispanosRTVE #CRODENNOR2025
📺Sigue el DIRECTO: https://t.co/fk4HCFLAt7 pic.twitter.com/DGQllWhS7d
— Teledeporte (@teledeporte) January 20, 2025
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Шпанија24 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија21 час
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)