ИХФ потврди: Ракометните мундијали ќе се играат со поинаков концепт

kire-island

Светската ракометна федерација (ИХФ) официјално ги потврди промените поврзани со светските првенства во сениорска конкуренција, а кои се донесени од Советот на федерацијата на неговото последно заседавање во Гетеборг.

Она што е посебно важно, а оди во прилог на барањата на селекторите и играчите е што веќе нема да биде дозволено да се играат натпревари ден за ден, односно секоја селекција ќе има гарантиран слободен ден пред секој натпревар на мундијалите. Притоа, за слободен ден нема да се смета ден во кој некоја репрезентација би се транспортирала во друг град повеќе од четири ипол часа.

Исто така, селекторите ќе може да сметаат на 18 наместо на 16 ракометари и ќе можат да направат 5 наместо 3 замени во текот на првенството. Новите правила стапуваат во сила од 1. јануари 2020 година и ќе бидат валидни за следното СП во машка конкуренција.

 

Facebook Коментари