Поврзете се со нас

Светски првенства

ИХФ го објави Ол-стар тимот, Гидсел доминантно до мундијалското МВП признание

Објавено

на

Новиот трофеј на ракометните мундијали за репрезентацијата на Данска очекувано е надграден и со признанието за МВП, кое му припадна на најдобриот член на скандинавската селекција.

Матијас Гидсел официјално е прогласен за МВП на турнирот, а зад него остануваат и 74 постигнати голови со кои го заврши мундијалот и како најдобар стрелец.

ИХФ го прогласи и тимот на првенството, а во него има по двајца претставници на Данска, Хрватска и Португалија, како и еден Французин.

Голман: Емил Нилсен (Данска)
Десно крило: Марио Шоштариќ (Хрватска)
Десен бек: Иван Мартиновиќ (Хрватска)
Среден бек: Мартим Кошта (Португалија)
Лев бек: Симон Питлик (Данска)
Лево крило: Дилан Наи (Франција)
Пикер: Виктор Итуриза (Португалија)

Признанието за најдобар млад ракометар го освои Португалецот Франсиско Кошта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни