Поврзете се со нас

Светски првенства

ИХФ го објави мундијалскиот Ол-стар тим, таму немаше место за Ландин

Објавено

на

Интернационалната ракометна федерација вечерва го објави составот на најдобриот тим на Светското првенство во Египет, а таму доминираа ракометари од репрезентациите кои ги играа во финалето.

Данска и Шведска заедно имаат пет од седум ракометари, но интересно за најдобар голман е избран Андреас Паличка, па и покрај фактот што тој беше засенет од Никлас Ландин, кој во финалето забележа 15 одбрани.

Покрај Паличка, во ол-стар тимот се и Хампус Ване и Јим Готфридсон, додека Данска ја претставуваат Микел Хансен и Матијас Гидсел.

Единствен претставник на Франција е пикерот Лидовик Фабрегас, додека свој член во најдобрата седморка има и Шпанија преку крилото Фернан Соле.

Дополнително, ИХФ го објави и освојувачот на МВП признанието, а тоа е Микел Хансен.

Данска ја освои титулата победувајќи ја Шведска со 26:24, додека третото место го освои Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни