Поврзете се со нас

Светски првенства

ИХФ ги промени сатниците: Македонија двапати ќе игра во непопуларен термин

Објавено

на

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов

Земјите носители на ТВ првата во друштво на ИХФ изготвија нов план за одигрување на натпреварите во главната фаза на Светското првенство, односно решија предност да им дадат на најзвучните селекции на мундијалот и видно да го изменат распоредот на натпревари од вторник до недела.

Првичниот план беше објавен пред стартот на турнирот и според истиот Македонија требаше да одигра два натпревари во терминот од 18:00 часот, но наместо тоа, сега нашите миленици против Австрија и Катар ќе играат во најнепопуларниот термин.

Наместо во првично означениот термин, Македонија во вторник против Австрија и во четврток против Катар ќе игра во 15:30 часот, што секако не е добра вест за сите верни симпатизери кои имаат работни обврски во текот на неделата.

Единствен термин кој останува непроменет е оној против Франција, нешто што можеше и да се очекува со оглед на реномето кое го имаат „триколорите“ во овој спорт.

Дуелот против Франција е на програмата во сабота во ударниот термин од 20:30 часот, а сите три натпревари ги играме во Арена Вараждин, што значи дека македонската „Фаланга“ не менува локација и останува стационирана во истиот град.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни