Поврзете се со нас

Светски првенства

ИХФ ги додели вајлд-картите за СП, Македонија нема да игра на мундијалот во Египет

Објавено

на

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ги додели последните две вајлд карти за Светското првенство во 2021 година, а меѓу среќните добитници не е Македонија.

Советот на ИХФ на препорака на извршниот комитет донесе одлука билетите да им ги додели на Полска и Русија, две селекции кои беа послабо пласирани од нас на последното европско првенство кое се одржа изминатава зима.

Ние бевме 15, Полска 21, Русија пак завршија на 22 позиција, но без разлика на тоа ИХФ одлучи нас да не „избрише“ и да им додели вајлд карти на Полјаците и Русите за шампионатот во Египет.

Ова значи дека по долга пауза нашиот национален тим нема да биде дел од голем ракометен настан.

Избраниците на Данило Брестовац требаа да играа бараж со Франција, ама истиот беше откажан поради пандемијата со коронавирусот, па очекувањата беа дека според пласманот ќе добиеме вајлд-карта, меѓутоа луѓето од Меѓународната ракометна федерација донесоа поинаква одлука.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни