Ихеаначо влезе во историјата на англискиот фудбал како стрелец на првиот гол со помош на ВАР (Видео)

iheanaco-328238

Видео технологијата првпат беше успешно употребена во англискиот фудбал на вечерашниот натпревар од ФА купот меѓу Лестер и Флитвуд Таун.

Келечи Ихеаначо постигна гол за Лестер во 78. минута, но помошникот судија го крена знаменцето да сигнализира офсајд и резултатот остана 1:0 за „лисиците“. По куса пауза, главниот судија Џон Мос ја промени одлуката со помош на ВАР и го призна голот. Резултатот 2:0 беше и конечен.

Facebook Коментари