Поврзете се со нас

НБА

Игудала го советува Дурент: Најдобро ќе биде…

Објавено

на

Кевин Дурент е под договор со Бруклин Нетс, но понатаму останува неизвесно дали ќе го гледаме во оваа средина и во престојната сезона.

Кај Дурент постои одредено незадоволство и подготвен е да го промени клубот, меѓутоа прашање е дали ќе може тоа да го направи затоа што потребно е доста работи да се случат за да Нетс се откажат од неговите услуги.

Во меѓувреме додека трае оваа сега се огласи Андре Игудала кого добро го познава Кеј-Ди од времето кога заедно играа во Голден Стејт Вориорс. Според четирикратниот НБА шампион најдобра опција за Дурент е да остане во Нетс.

-Мислам дека треба да остане во Бруклин. Тоа би било добро за натпреварувањето и само тој може да сфати како да функционира, како да ги натера сите да напредуваат. Така ја чувствувам ситуацијата, -вели Андре кој го посочува договорот како уште една причина зошто Кевин треба да продолжи да го носи дресот на сегашниот тим.

-Ситуацијата е таква каква што е. Можат само да кажат дојди овде и играј или не играј, но имаш уште четири години договор со нас. Договорот не му истекува, -заклучи Игудала.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни