Поврзете се со нас

Италија

Игуаин за проблемот во Италија: Јувентус ангажираше фотограф за мојата тежина

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Гонзало Игуаин сигурно по добро ќе го памети своето патешествие во Италија, бидејќи по трансферот кој го направи од Реал Мадрид, се претвори во елитен напаѓач на Апенините и постави рекорд кога се во прашање постигнатите голови во една сезона.

Игуаин постигна 36 гола во една сезона за Наполи и постави апсолутен и историски рекорд во Серија А, по што следеше трансфер во Јувентус каде беше следен постојано и цело време се пратеше неговата идеална килажа, која повремено беше далеку од таква.

– Во Јувентус имаа многу поголеми барања околу мојата тежина, Тие ангажираа фотограф за да ме слика и да прави споредби секоја година, а јас само се смеев бидејќи знаев како ќе заврши, знаев дека ќе постигнам најмалку 30 гола. Понекогаш, го повлекував мојот стомак за да изгледам подобро на сликите, – признава Игуаин.

– Знам дека мојот трансфер од Наполи беше болен за навивачите, но што да правам после 36 гола во една сезона. Кога дојде Јувентус, воопшто не се двоумев. Знам дека ме проколнуваа, ме навредуваа, но на крајот постигнав шест гола на осум меча против нив.

– Пред да заминам во Наполи, имав шанса да одам во Арсенал, но тие рекоа дека сум прескап. Потоа платија многу повеќе за Месут Озил, – открива Гонзало во интервјуто за „Тик Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни