Игуаин се огласи за своите две лица кои ги покажа на мечот со Тотенхем и им посвети порака на злите јазици (Фото)

iguain-topla

Гонзало Игуаин покажа две сосема спротивставени лица во само 45 минути, откако најпрво постигна два гола за предност од 2:0 на Јувентус во дуелот против Тотенхем, а потоа изрежира две големи промашувања кои можеа да му донесат сосема различен тек на мечот.

Аргентинецот најпрво не реализираше зицер при резултат 2:0 кога Јувентус имаше една молскавична контра, а во последните моменти од првиот дел, не погоди ниту од белата точка кога италијанскиот шампион доби шанса да замине со предност од 3:1 на паузата. Сето ова на крајот силно му се одби од глава на неговиот тим и Тотенхем израмни на 2:2 до крајот на средбата во Торино, а бидејќи ова беше уште една ноќ во која Игуаин покажа две различни лица, следеа голем број потсмевачки коментари на социјалните мрежи.

Очигледно сето ова го погоди напаѓачот на Јувентус кој од херој се претвори во трагичар, па сега одлучи да се огласи преку својот официјален Инстаграм профил и да им испрати порака на злите јазици.

– Добро утро на сите. Лесно е да се зборрува од софата или од столчето… Се беше перфектно при резултат 2:0, но по 2:2 судењето експесно се менува. Едноставно ние не сме заинтересирани за гласовите кои доаѓаат. Ајде да одиме во Лондон и да ја осигураме нашата квалификација во наредната фаза. Прегратка до сите оние кои искрено му посакуваат добро на Јувентус, – гласи пораката на Игуаин.

Facebook Коментари