Игуаин по кам-бекот во репрезентацијата: Ги поздравувам сите кои ме критикуваа…

gonzalo

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин по подолго време доби повик за настап за селекцијата на Аргентина, а тоа го искористи за да ги поздрави сите оние кои го критикуваа и не го сакаа во националниот тим.

-Среќен сум што по шест месеци повторно сум член на репрезентацијата. Тоа е знак дека добро сум работел и сакам да го уверам селекторот да ме поведе во Русија, -рече Гонзало и додаде:

-Не сум овде за да зборувам , мојата работа е да играм фудбал. Само ќе ги поздравим сите оние кои ме критикуваа, се надевам се среќни зошто јас сум, -истакна напаѓачот.

Facebook Коментари