Поврзете се со нас

Свет

Игуаин откри зошто е пресреќен во Мајами и плановите за по пензионирањето

Објавено

на

Гонзало Игуаин веќе одреден период настапува во американскиот клуб Интер Мајами, а во последното интервју вели дека е многу среќен поради животот и статусот кој го има во МЛС.

Аргентинецот ја започна кариерата во Ривер Плата, па преку големи европски клубови стигна до новиот член на МЛС, чиј косопственик е Дејвид Бекам.

– Периодов размислував за се што се случуваше, за сите обврски, притисоци и она што успеав да го постигнам. Ако треба да бидам искрен, сега сум многу, многу среќен затоа што го остварив тоа што сакав и се тргнав од меурот во кој владеат притисок и постојани критики.

– Овде во САД фудбалот не е приоритет, навивачите не ми замеруваат ако сум промашил некоја шанса, а така се однесуваат и медиумите. Таков притисок чувствуваат спортистите од другите професионални лиги.

– Кога се движам на улица се чувствувам како обичен човек и понекогаш се восхитувам колку убав момент е тоа, посакував вакво искуство, – изјавил Игуаин.

Аргентинецот кој настапуваше за Реал Мадрид, Наполи, Милан, Јувентус и Челси, вели дека не се гледа себеси во фудбалот по крајот на кариерата.

– Веќе решив дека кога ќе се пензионирам, следува фокусирање на други работи и уживање со најблиските. Мојот живот нема да биде поврзан со фудбалот, – нагласува популарниот Пипита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни