Поврзете се со нас

Свет

Игуаин: Јас сум играчот кој најдобро се разбира со Меси и Роналдо

Објавено

на

Гонзало Игуаин одлучи да се пресели во МЛС лигата во Интер Мајами, па поради тоа не е толку интересен за јавноста или поточно далеку помалку се посветува внимание, но Аргентинецот е ас кој секогаш има што да каже, играч кој има одиграно најмногу натпревари со Лионел Меси и Кристијано Роналдо, двајцата најдобри фудбалери во оваа нова ера на овој спорт.

Тој долго време играше со Лео во Аргентина, додека пак со Кристијано соработуваше во Реал Мадрид и Јувентус, па според него тоа е повеќе од доволен доказ дека е играчот кој најдобро се разбирал со двете големи ѕвезди на теренот.

-Ако јас сум играчи со најмногу мечеви со нив, тогаш јас сум човекот што најдобро се разбира со двајцата. Да се разберат Кристијано и Меси…тоа не е нивен проблем, се зависи од тебе. Ако играв најмногу со нив, тоа е затоа што и двајцата совршено ги разбирам. Знаев што сакаат, што не сакаат, како се чувствуваат најпријатно и најнепријатно.

-Мислам дека она што им се допадна кај мене e што јас … како тоа да го кажам тоа без да се фалам… не се обидов да се борам за 100 проценти од играта со нив. Тие чувствуваа дека можат да зависат и од мене.

-Кога имаат играч крај себе кој зависи 100 проценти од нив, тие не чувствуваат дека се ослободени од секаква одговорност. Но, со мене, мислам дека тие сметаа дека можат да сметаат на мене. Тоа се двајца тотално различни играчи и имав привилегија да уживам и да учам од двајцата, -порача Гонзало.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни