Поврзете се со нас

Свет

Игуаин изрежира мајсторска завршница на првиот тренинг во Интер Мајами: Очекуваме многу вакви (Видео)

Објавено

на

Гонзало Игуаин денеска беше потврден како огромно засилување за Интер Мајами, новоформираниот клуб од Америка чиј сопственик е легендарниот Дејвид Бекам.

На стартот на премиерната сезона во МЛС лигата, Интер Мајами има огромни проблеми со реализацијата, па дефинитивно ангажманот на искусниот голгетер Игуаин веќе има историско значење за клубот, а се очекува многу брзо да се прилагоди и да биде вистински лидер на тимот.

Гонзало воодушеви со својата завршница уште на првиот тренинг кој го одработи денеска, по што официјалниот Твитер профил на Интер Мајами порача дека очекува многу вакви голови во иднина.

Во продолжение, Гонзало одработи и прво интервју како нов играч на тимот од САД, при што не го криеше своето задоволство што сега ќе игра во лигата во која веќе извесно време е неговиот брат.

– Пред се, сакам да се заблагодарам за напорот кој го направи Интер Мајами во обидот да ме доведе тука. Мислам дека ова ќе биде навистина убаво искуство за мене, за мојот живот. Навистина барав ново искуство и нов предизвик, нова лига и нов град. Навистина сум многу среќен што веќе се е официјално, – изјави 32-годишниот Гонзало и додаде.

– Ја гледам МЛС лигата со години наназад поради мојот брат Федерико. Отсекогаш ме интересирало што се случува тука, а сега и јас ќе бидам дел од неа. Ова беше вистинско време за доаѓање тука, мотивиран сум што ќе бидам дел од растот на клубот и на тимот, – додаде Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни