Поврзете се со нас

Свет

Игуаин го посочи клубот во кој сака да се пензионира

Објавено

на

Гонзало Игуаин веќе долго години игра во Европа и тоа во Топ лигите, па така по 6 сезони мината во Реал Мадрид, премина во Наполи по што се пресели во Јувентус каде што е и денеска со тоа што мора да се напомене дека во меѓувреме беше и на позајмици во Милан и Челси.

Тој во декември ќе наполни 33 години што значи дека е се поблиску крајот на неговата кариера која дефинитивно сака да ја заврши дома во Аргентина и тоа во клубот во кој потекна-Ривер Плата.

-Ривер е клуб кој ми даде сè, од можноста да се развивам до тоа да Реал Мадрид ме купи, но сега не знам што ќе се случи. Мојата глава е тука [во Торино].

-Тимот на Гаљардо е многу возбудлив, тие имаат квалитет, сила, сè. Вистината дека ги гледате и нивната деветка добива многу шанси. Јасно е дека некој што претходно играл за Ривер сега ќе ги гледа, се гледа себеси таму и вика: „колку убаво“.

-Гаљардо сите ги привлече, тоа го заработи. Би размислил за тоа да се пензионирам во Ривер, -порача Гонзало.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни