Поврзете се со нас

Италија

Играше за Јувентус и Интер пред десет години, а сега е зависен од дрога: Животот ми бега од раце, не се плашам да умрам сиромашен! (Видео)

Објавено

на

Foto:www.instagram.com/inter

Даниел Освалдо беше фудбалски активен до пред четири години и своевремено важеше за еден од поелитните напаѓачи во светот, бидејќи добрата форма го однесе и до клубови како Рома, Јувентус и Интер, а имаше и кратка авантура во Премиер лигата каде беше член на Саутемптон.

Фудбалерот кој е роден во Аргентина три години настапуваше и за италијанската репрезентација и последниот настап го забележа во 2014-та година, а десет години подоцна, животот му е далеку поразличен од тоа што може да се замисли.

Освалдо испрати бомбастично и загрижувачко видео преку социјалните мрежи и откри пред цела јавносот дека се бори со депресија, алкохол и дрога, но не пропушти да нагласи дека го објавува видеото за да се освести самиот и да го сфати истото како повик за спас.

– Знам дека ќе излезам од оваа тешка ситуација и дека ќе бидам повторно оној стариот Дани. Уште не знам како дојдов до ова ниво, сакам да го споделам ова видео за да објаснам неколку работи и да се исповедам за мојот живот и моите погрешни одлуки. Тешко ми е да го направам ова видео, бидејќи никогаш не сум направил нешто слично. Сепак, сметам дека дојде време сите да знаат дека сум крајно депресивен и дека минувам низ многу тежок период во животот. Не знам дали ова треба да се сфати како повик за спас, или пак е само потреба да зборувам за нешто со кое се справувам некое време. Се соочувам со тешка депресија веќе извесно време, а таа депресија направи да потпаднам под влијанија и да станам зависен од алкохол и дрога.

– Морам да признаам дека сум во период во кој животот ми бега од раце! Сакам да го кажам ова и да го споделам со вас. Добивам психијатриски третман со лекови, имам специфична болест и имам недостиг на самодоверба и често сум депресивен. Многу често потпаѓам и се враќам на пороците. Влегов во фаза на самоуништување, а со тоа ги уништувам и луѓето кои се крај мене. Не излегувам никаде, воопшто не сум продуктивен и немам желба да станам од креветот. Ви го кажувам ова бидејќи сметам дека вака ќе се освестам, сакам луѓето да знаат што ми се случува. Како што кажав, потпаднав под ужасни пороци, а тие често ја прават мојата депресија уште поголема. Се оддалечив од сите најблиски, од луѓето кои ги сакам, немам желба да го видам своето семејство, своите деца……

– По крајот на кариерата, немам стабилна работа. Потрошив речиси се што имав, ги исцедив сите резерви. Кога немате приливи, заштедата не трае вечно. Сепак, тоа ми е најмалку важно, парите никогаш не ми биле важни. Јас се родив сиромашен и можам да умрам сиромашен. Тоа ми е најмалку важно, – гласи потресната исповед на Освалдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни