Поврзете се со нас

Свет

Играше на последното СП, а сега ќе оди во затвор: Марокански репрезентативец му скршил череп на возач на камион (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/QPR

Мароканската репрезентација беше најпријатното изненадување на последното Светско првенство кое се одигра во Катар, а дел од тимот на Регреги беше и Илијас Чаир.

Напаѓачот на Квинс Парк Ренџерс доби шанса на последниот меч против Хрватска во борбата за третото место и ги одигра првите минути на мундијалот во самата завршница, а поради статусот на репрезентативец, сега се најде во центарот на вниманието поради инцидентот кој датира од 2020-та година.

Долгогодишниот член на англискиот клуб добил тужба за сериозен физички напад пред четири години, но судот во Антверп го решил случајот дури сега, а според соопштението на офанзивниот фудбалер му се одредува едногодишна завторска казна, како и дополнителни 12 месеци условна казна.

Чаир нападнал возач на камион и го удрил со камен по една расправија во која учествувале и негови пријатели, но тој бил оној го задал тешкиот удар и поради кој шоферот едвај останал жив.

– Судејќи според исказите на сведоците, Илијас Чаир го удрил со камен господинот Нилс и повредениот веднаш паднал во бессознание. Последиците биле драматични за Нилс, заработил повеќе скршеници на черепот и бил пренесен во болница во критична состојба. После долго време, тој успеал да се опорави благодарение на лекарите, но долго не можел да ја извршува својата работа. Малку фалело ударот да биде фатален за него, – гласи заклучокот на обвинителството во Антверп.

Со соопштение за оваа одлука на судот се јави и Квинс Парк Ренџерс, клуб кој вели дека играчот се уште ќе стои на располагање на првиот тим, односно се додека не се заврши целосниот случај (планот е Чаир да ја бара помилување на второстепениот суд).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни