Млади спортисти
ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО ДОНАЦИЈА ОД ДВА И ПОЛ МИЛИОНИ РЕКОНСТРУИРАШЕ МУЛТИФУНЦИОНАЛНО ИГРАЛИШТЕ ВО КАРПОШ

Под слоганот ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ, со донација од 2 500 000 денари Видеолотарија го пушти во употреба и седмото игралиште од проектот за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја.
Најновото реконструирано игралиште се наоѓа во Општина Карпош. Станува збор за игралиштето Оливер Соколов Сокол, во близина на ООУ Христо Тодоровски Карпош на улица Орце Николов број 1. Претходно веќе беа ставени во функција игралиштата во Свети Николе, Битола, Гевгелија, Лојане, Охрид и во Чаир.
– Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, и годинава продолжуваме со проектот „ИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ“ во кој остануваме фокусирани на обезбедување инфраструктура за спортување. Придобивките ќе ги имаат првенствено најмладите, но и останатите граѓани. Досега изградивме шест мултифункционални спортски игралишта и три инклузивни детски игралишта. Денес го пуштаме во функција седмото мултифункционално игралиште, за кое обезбедивме донација од два и пол милиони денари. Со оваа донација овозможивме да се направи ново и модерно спортско игралиште на кое младите ќе може да играат ракомет, фудбал, кошарка. Игралиштето има нова подлога и спортски реквизити, со што овозможуваме младите да играат и спортуваат безбедно,- порачуваат од Видеолотарија Казинос Австрија.
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски изрази благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за донацијата со која е реконструирано спортското игралиште Оливер Соколов Сокол. „Очекувам овој пример да го следат и други компании“- нагласи градоначалникот Јакимовски.
Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање на зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра.
-
Англијапред 23 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 22 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Балканпред 10 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
НБАпред 23 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 23 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Шпанијапред 21 час
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти откако Белингам првпат остана без минутажа на теренот: Џуд ми ја олесни работата
-
Шпанијапред 19 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)