Поврзете се со нас

Македонија

Играј, играј за Вардар! Секој тикет на кој се наоѓа натпреварот на Вардар го зголемува фондот на Mozzart за донација на овој фудбалски клуб!

Објавено

на

Компанија Mozzart се придружи кон акцијата на Комитите за спас на шампионот – уплати тикет со натпреварот Вардар – Шкендија (сабота, 15 часот) во Mozzart и помогни на актуелниот шампион во борбата со тешката финансиска ситуација.

На трибините одамна не одекнува „ајде ајде Вардаре“, но постои начин да се даде голема поддршка – со секој уплатен тикет на кој се наоѓа натпреварот на славниот скопски клуб во наредниот период, компанија Mozzart го зголемува фондот за донација на „црвено – црните“, кои се борат со тешка финансиска ситуација! Регионалниот лидер во игри на среќа се придружи на навивачката група Комити во акцијата за спас на Вардар, а не е важно како ќе типувате, важно е само да го имате одиграно овој натпревар на вашиот тикет. Играј, играј за Вардар!

Прва прилика да се помогне на Фудбалскиот Клуб Вардар е веќе во сабота, на 20 март од 15:00 часот, кога „црвено-црните“ на свој терен jа дочекуваат Шкендија. Дуелот од 24. коло на ПМФЛ со лидерот во шампионатот ќе биде голем предизвик за актуелниот шампион, кој во моментов е на осмата позиција на табелата и се наоѓа во лоша форма.

Оваа акција е добра шанса играчите да почувствуваат поддршка од своите навивачи во овие тешки моменти, а што повеќе тикети има со овој натпревар, износот на донацијата на Mozzart ќе биде поголем.

-Благодарност до нашите навивачи кои ја иницираа акцијата за спас на Вардар, како и на компанијата Mozzart која им се приклучи. Тоа ни дава надеж дека можеме да го спасиме клубот и да продолжиме да го правиме тоа што најдобро го знаеме – да играме за овој клуб со поддршка од нашите фанови и навивачи. Голема благодарност до компанија Mozzart која секогаш посветува големо внимание на општествено одговорните акции. Се надеваме дека што повеќе играчи ќе одговорат на оваа акција, ќе пополнат тикет и ќе го стават натпреварот кој го играме, и со тоа ќе придонесат кон фондот на Mozzart кој ќе ни го донираат.“ – изјави капитенот на ФК Вардар, Дејан Блажевски.

Вардар 12 пати ја освојуваше титулата првак и шест пати националниот куп, и е единствен македонски клуб кој изборил пласман во групната фаза во едно од двете најеминентни европски натпреварувања – Лига Европа, а сега се бори не само за опстанок во лигата, туку и за опстанок на целиот клуб. Оваа акција е одлична можност за навивачите да го поддржат клубот во период кога заради епидемиолошката ситуација не можат тоа да го направат на Градскиот стадион.

„Компанија Mozzart е препознатлива во јавноста како некој кој нуди континуирана поддршка на спортските колективи и поединци низ разни проекти. Со акцијата „Хуманитарен тикет за викенд“ помагаме на различни установи и организации, а сега секој тикет на кој е натпреварот на Вардар, ќе биде хуманитарен тикет, за помош на славниот клуб кој поминува низ тежок период. Се надеваме дека оваа акција ќе има голем одзив и дека Вардар ќе добие значајна помош од нашиот фонд за солидарност.“ – истакнаа од менаџментот на компанија Mozzart.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни