Лига на нации
Играчот за врска на Вердер Бремен: Македонците постојано паѓаа, но ние не направивме глупост

Бугарите мораа да се носат со пеколната атмсофера на „Тодор Проески“ и со 20 илјади навивачи против себе, но и покрај тоа, максимално профитираа од раното исклучување на Тодороски и од голот кој го постигна капитенот Кирил Десподов.
Триумфот од 0:1 во Скопје е прва победа за Бугарија на гостински терен по пауза од цели четири години, факт со кој добро бил запознаен и играчот за врска Илија Груев, кој инаку е дел од германскиот бундеслигаш, Вердер Бремен.
Играчот за врска ги одигра сите 90 минути во Скопје и напорно работеше на средината на теренот, па со својата изјава по мечот за бугарските медиуми, нагласил дека е посебно горд што Бугарите не наседнале на провокациите од македонските фудбалери.
– Многу сме задоволни од овој резултат. Пред натпреварот, некој ми кажа дека немаме победено надвор од дома повеќе од четири години. Поради тоа, оваа победа во Македонија е многу важна. За мене, најважно од се е што покажавме карактер.
– Исвиркуваењто на химната многу ме мотивираше, а Македонците исто така на секој начин се обидуваа да добиеме втор жолт картон. Тие постојано паѓаа и се обидуваа да изнудат втор жолт картон за наш играч. Тоа е нормално на ваков меч, а најдобро е што никој не направи глупост и што останавме со 11 на теренот, – изјавил Груев кој заработи опомена на крајот на првиот дел, но остана без втор жолт до крајот на мечот.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Шпанијапред 23 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Италијапред 17 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 19 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти