Поврзете се со нас

Шпанија

Играчот за врска на Севилја ја презентираше најпродуктивната техника за справување со Меси (Видео)

Објавено

на

blank

Барселона одигра перфектен натпревар против Севилја без никаква грешка и речиси не му овозможи ниту една шанса на домашниот тим од Андалузија, кој на крајот сосема заслужено беше поразен на „Писхуан“ со 0:2

Лионел Меси го постигна голот за конечна победа на гостинот од „Камп Ноу“, но после тоа, видовме една ситуација која ни отсликува кое е најдоброто оружје за да се справите со Аргентинецот кога овој е расположен за игра.

Меси беше навистина инспириран против силната Севилја и беше лидер во играта на Барса, а начинот на кој Жоан Жордан се справи со него брзо стана вирален на социјалните мрежи.

Играчот за врска на Севилја мораше да го удри Меси со рака за да го сопре во својот налет, техника која наиде на многу реакции во спортската јавност на Пиринеите, како и на комични коментари од страна на фановите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни