Поврзете се со нас

Лига Европа

Играчот за врска на Ренџерс за чудесната одбрана на Трап во 118. минута: Скршено ми е срцето (Видео)

Објавено

на

Големото финале во Лигата на Европа понуди сензационална атмосфера на „Рамон Санчес Писхуан“, но и огромна неизвесност која траеше и по 120 минути игра во Севилја.

Ренџерс и Ајнтрахт Франкфурт беа максимално изедначени по 90 минути игра, но пред да дојде до пенал рулетот, најголемата шанса ја имаа Шктоланѓаните. До тој момент, Германците имаа повеќе од играта и беа поконкретни, но во 118-та минута, Рајан Кент се најде во стопроцентна шанса и вистинско чудо е како не даде гол.

Кевин Трап беше херој во пенал рулетот во кој му го одбрани пеналот на Ремзи, но уште поважна беше неговата извонредна одбрана на две минути пред истекот на второто продолжение.

– Ова е тешко да се прифати, тешко е да прифатите кога ќе загубите на пенали. Во 120 минути, мислам дека и двата тима не одигравме најдобро што можевме.

– Можевме подобро од ова. Скршено ми е срцето, бидејќи можевме да победиме пред да дојде до пенали. Што може да се каже за одбраната на Трап по ударот на Кент, што да се направи….. Комплетно сум уништен од тоа, навистина ми е скршено срцето, – изјави англискиот играч за врска, Џон Лундстрам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни