Поврзете се со нас

Свет

Играчот за врска на ПСЖ: Знам каква одлука има донесено Нејмар, Меси игра карти со нас до доцна во ноќта

Објавено

на

Леандро Паредес минатата година пристигна во ПСЖ како засилување во средниот ред, но на 25-годишниот везен фудбалер му беше потребно одредено време за да се привикне на новите методи кои ги практикува тренерот Томас Тухел.

Од стартот на оваа сезона, Паредес почна да добива се позначајна улога во средниот ред и дефинитивно го искористи отсуството на Верати кој беше повреден, а како фудбалер кој доаѓа од Јужна Америка, сега ни откри дека има навистина добар однос со најплатениот играч во тимот.

Нејмар повторно се поврзува со заминување од Париз откако минатата година пропадна трансферот во Барселона, но со оглед на новонастанатата ситуација со коронавирусот, почнаа да владее и песимизам кога е во прашање оваа зделка. Наспроти шпекулациите, Паредес е сигурен дека Нејмар ќе остане во Париз и наредната сезона, но играчот за врска кој инаку е и аргентински репрезентативец долови и како се однесува Лео Меси за време на репрезентативните обврски.

– Нејмар ми се јавува постојано, сега сме затворени и ми се јавува преку видео повик и зборуваме навистина многу. Зборуваме секој ден и знам дека ќе остане со нас, ја знам неговата одлука, – вели Паредес за „Фокс Спортс“, а потоа се осврнува на Меси.

– Меси се однесува како да е еден плус во тимот. Навистина е тешко да го гледаме така, но тој така се однесува и тоа е навистина позитивно. Останува со нас до доцна и игра карти со сите играчи, тоа прави да се чувствуваме  фантастично крај него, – додава Аргентинецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни