Поврзете се со нас

Свет

Играчот за кој се интересира Реал Мадрид најави заминување од клубот: Ајакс е неверојатен клуб, но холандската лига не е..

Објавено

на

Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе се обиде да донесе неколку фудбалери кои играат за тимот на Ајакс.

Примарна трансфер желба ќе им биде играчот од средниот ред Дони ван де Бек, а ќе се обидат да го донесат и Николас Таљифико.

Токму аргентиснкиот интернационалец излезе со коментар во јавноста и најави негово заминување од Амстердам ова лето.

– Секогаш цел ми беше да играм во најдобрите првенства и во најдобрите клубови. Ајакс е неверојатен клуб, но холандската лига не е неверојатна лига. Секогаш имав повисоки соништа и амбиции.

– Ја оджрувам својата кондиција и се надевам дека ќе ја променам средината што побргу. Подготовките започнуваат во август, а до тогаш има само два месеци, -изјави Таљифико.

Освен Реал Мадрид, за левиот бек постои интерес и од најголемиот ривал на „кралевите“, Барселона како и од францускиот ПСЖ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни