Англија
Играчот за кој Челси издвои 100 милиони евра паднал на допинг тест, му се заканува драконска казна
Михаило Мудрик е најголемо трансфер промашување на Челси во поновата историја, а таквиот статус од денеска е и официјално потврден, откако Украинецот паднал на допинг тестирањето кое му било направено на крајот на месец октомври.
Челси издвои 100 милиони евра за големиот украински талент пред една година и ја доби битката која ја водеше со Арсенал за неговиот потпис, но на крајот испадна дека вложените средства ниту одблиску не се оправдани.
Целиот пакет на трансферот изнесуваше 100 милиони евра, но како што стојат работите, истиот ќе биде заокружен на 70 милиони евра кои беа фиксни и уплатени од Челси уште со првата рата. Останатите 30 милиони евра требаше да бидат исплатени во вид на бонуси, до кои сега најверојатно нема да дојде поради суспензијата која го очекува.
Како што јавуваат сите угледни британски медиуми, Мудрик имал позитивен тест на недозволена сусптанца од ВАДА, па во прв момент е суспендиран на неодредено време.
Во следниот период, клучен ќе биде исходот од вториот тест кој ќе му биде направен, а доколку и истиот биде позитивен, Мудрик ќе добие забрана за играње фудбал во период од 2 до 4 години.
-
Италија18 часа
Второто зимско засилување за Мота пристигнува од редовите на ПСЖ
-
АТП17 часа
Медведев со лудачка изјава за својот ривал: Ако продолжи да игра вака, ќе има многу пари и жени во животот (Видео)
-
Шпанија21 час
Ханси Флик опомена еден играч кој не добива шанса: Не е истиот после повредата
-
Европски првенства21 час
Важно предупредување за македонската „Фаланга“: Не смеат да го внесуваат знамето од Кутлеш во салата во Вараждин (Фото)
-
Англија16 часа
Селс правеше чуда на голот, Ливерпул вторпат не успеа да го победи Нотингем (Видео)
-
Шпанија22 часа
Шпанската полиција уапси фудбалер на Севилја: Намерно добивал жолти картони, му се заканува и затворска казна
-
АТП20 часа
Ѓоковиќ: Испраќањето на Надал беше некоректно, жалам што не бев до него
-
Англија17 часа
Сити прокоцка „добиен меч“, Џејмс го спаси Челси со мајсторија во 95. минута (Видео)