Поврзете се со нас

Франција

Играчот за кого „војна“ водат Реал, ПСЖ и Ливерпул: Јас сум во позиција…

Објавено

на

Пред нас е летниот преоден рок во кој сигурно ќе видиме топ трансфери, преселби од една во друга средина.

Дел од клубовите веќе се вклучија во акција, дел допрва ќе направат потези со тоа што засега се уште меѓу поинтересните приказни, прашања е поврзана со членот на Монако, Орелиан Чуамени. Чуамени кој е француски репрезентативец е занимлив за доста врвни тимови од кои три се издвојуваат-тоа се Реал Мадрид, ПСЖ и Ливерпул.

Најдобро позициониран засега е европскиот првак, меѓутоа без борба нема да е откажат „црвените“ и „светците“.

Самиот играч пак засега е смирен и навистина му е драго што дел од најквалитетните европски клубови притискаат за неговиот потпис.

-Не ми пречат шпекулациите, бидејќи тоа е позиција во која отсекогаш сум сакал да бидам. Се додека ме следат врвните клубови, тоа значи дека правам добри работи, -рече Чуамени кој потоа порача дека се уште нема донесено одлука околу иднината, следниот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни