Играчот на Реал не ја надмудри УЕФА: Карвахал доби дополнителна суспензија за намерниот жолт картон

Carvajal

Дани Карвахал доби жолт картон во финишот од дуелот со АПОЕЛ  во претпоследното коло од фазата на групи на Лигата на шампиони за да го пропушти безначајниот дуел на Реал Мадрид со Борусија Дормтунд и да му биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан во осминафиналето.

Играчот на Реал имаше собрано четири жолти картони и намерно одолговлекуваше изведување аут за време на победата од 6:0 во Кипар за да го добие петтиот, со кој што следува автоматска суспензија од еден меч. Сепак, неговиот потег беше прочитан од УЕФА и тој доби дополнителна суспензија од уште меч, што значи дека ќе го пропушти првиот меч од осминафиналето.

 

Facebook Коментари