Поврзете се со нас

Франција

Играчот на Лил кој падна како покосен на тревата испрати порака: Потсетете ме веќе да не играм со глава (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/losclive

Натпреварот меѓу Ремс и Лил беше продолжен повеќе од 30 минути во првото полувреме, а причина за тоа беше немилиот инцидент по кој играч на гостинскиот тим падна во бессоознание.

Анхел Гомес доби тежок удар во глава од Амаду Коне и падна како покосен на тревата, по што останатите играчи на теренот панично бараа интервенција од лекарскиот тим.

Медицинските лица долго го освестуваа Гомес и Англичанецот предизвика прекин кој траеше половина час, а откако денеска бил отпуштен од болница без никакви посериозни последици, членот на Лил имаше видео обраќање и остави порака на социјалните мрежи.

– Да испратам порака до сите и да ве известам дека сум добро! Поддршката која ја добив беше огромна и благодарен сум на Бог што се е во ред. Потсетете ме да не скокам и да не играм со глава во иднина, – порача Гомес.

Инаку, Брест остана со играч помалку на теренот по бруталниот старт на Коне, а Лил на крајот оствари рутинска победа од 0:2.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни