Поврзете се со нас

Шпанија

Играчот на Барселона кој најлошо се облекува: Мислам само на фудбалот, а не на модата (Фото)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Жил Кунде носи измешани реакции меѓу фановите на Барселона поради своите неконстантни настапи во првиот тим, но францускиот репрезентативец често се наоѓа во центарот на вниманието и поради чудниот вкус за мода.

Дефанзивецот важи за играч кој се облекува убедливо најлошо во тимот на Барселона, па откако ги шокираше фановите и со својот стајлинг при првиот собир пред Европското првенство, сега се најде во ситуација да одговаара за прашања поврзани на таа тема.

– Не дека сум изморен од ова, но имам чувство дека луѓето само се фокусираат на оваа тема. Понекогаш забораваат дека сум фудбалер, дека тоа е мојата работа. Јас најмногу време од денот посветувам на фудбалот, а не на модата. Јас сум страстен за фудбалот и неточно е дека повеќе време минувам мислејќи на мода, – вели Кунде.

Дефанзивецот на Барса зад себе остави сезона во која не освои ниту еден трофеј, но тој индивидуално е задоволен од тоа каков статус има во тимот.

– Јас сум еден од клучните играчи на Барселона, еден од лидерите во соблекувалната. Пред се, јас сум играч на кои може да се потпрете. Оваа сезоан немав ниту еден физички прорблем и тоа е доказ дека максимално работам и сум посветен на фудбалот, – дополнува Кунде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни