Италија
Играчот кој најмногу изненади на дебито на Мота: Си помислив дека ова е сон
Јувентус се прикажа во навистина добро светло на дебито на Тиаго Мота како тренер на тимот во Серија А, но на овој натпревар имаше уште еден дебитант кој се покажа како големо изненадување.
Италијанските експерти ја доведоа во прашање одлуката на Мота во стартниот тим да го стави младинецот Самуел Мбангула, но 20-годишниот фудбалер не самошто добро одговори на довербата, туку и постигна гол.
Мбангула доби награда од Мота за добрите подготовки во летниот период, па вчера дочека шанса да дебитира за првиот тим и да постигне гол кој ќе го памети цел живоот.
– Ова се специјални емоции за мене. Ова беше мој прв настап во Серија А, првпат играв за сениорскиот тим на официјален меч. Навистина сум пресреќен. Кога го постигнав првиот гол, мислев дека сонувам. Кога слушнав како цел стадион го слави голот, едноставно почувствував нешто што не се опишува со зборови, – изјави Мбангула, а со коментар се јави и Мота.
– Знам дека имаше скепса за местото на Мбангула во стартниот тим, но јас имав добро чувство за него. Очекувам добри работи од сите, не само од него. Тој играше во стартниот тим бидејќи го заслужи тоа поради цела работа во подготовките. Среќен сум за него и за изданието на целиот тим, – изјави Мота.
-
Балканпред 18 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 18 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 19 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 16 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Шпанијапред 18 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 15 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед