Поврзете се со нас

Шпанија

Играчот кој „есплодираше“ со Флик не стравува од шпанските дерби пресметки: Јас бев навикнат да гледам пиштоли

Објавено

на

foto:x.com/FCBarcelona_es

Бразилецот Рафиња е играчот кој направи најголем прогрес во споредба со минатата натпреварувачка сезона, а голем удел во тоа има Ханси Флик кој успеа да го препороди офанзивниот фудбалер.

Поранешниот член на Лидс Јунајтед конечно се пронајде во Барселона и почна да прикажува изданија со кои ги воодушевува и фановите на клубот, но бидејќи оваа сезона ја носи и капитенската лента, Рафиња сега има уште поважна улога на теренот.

По брилијантните изданија против Баерн Минхен и Реал Мадрид, Барселона е пред нов дерби предизвик во Ла Лига, но дуелот со Еспањол не носи никаков страв кај Рафиња, кој во интервјуто за „Ел Паис“ вели дека во својата родна земја бил научен да игра во многу пострашни услови.

– Локалните дерби пресметки секогаш се доста „пикантни“. Но, јас доаѓам од фавела и знам што значат овие пресметки. Јас сум навикнат да играм и пред пиштоли. Имаше луѓе кои одеа со оружје на нашите натпервари и се обидуваа да сеат страв. Ни удираа по врати и ни велеа дека нема да излеземе од терен ако победат противниците.

– Невозможно е да заборавите такви моменти, но тие тешки ситуации ме направија многу посилен. Пораснав како играч, но и како личност. Во Бразил често сте оставен сам на себе и мора да се снаоѓате. Се сеќавам на една ситуација кога имав 12 години. Заедно со мојот пријател го чекавме автобусот, а тој многу доцнеше. Бевме многу гладни, а немавме пари за ништо. Почнавме да бараме пари на улица за да си купиме нешто. Изгледавме како дечиња кои се бездомници и имаше такви кои се плашеа од нас, сепак имаше луѓе со големи срца кои ни помагаа. Тоа се епизоди кои ве прават подобра личност и кои ги паметите засекогаш, – вели Рафиња.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни