Поврзете се со нас

Шпанија

Играчот кој беше дел од најлошиот трансфер на Реал во 21. век: Перез знаеше дека сум повреден, најмногу ме изненади една ѕвезда!

Објавено

на

Жулиен Фобер се смета за најлошото засилување во поновата историја на Реал Мадрид, но францускиот фудбалер не потпиша пераменентен договор и мина само неколку месеци на позајмица, поради што и ден денеска, во шпанската престолнина се смета дека убедливо најлошиот трансфер во новиот век за „кралевите“ е Џонатан Вудгејт.

Угледната „Марка“ уште во 2007-ма година му го додели ваквиот статус на Англичанецот кој во три сезони во Реал одигра само девет натпревари во Ла Лига, но иако неговиот престој во Реал Мадрид не може да се памети по нешто спектакуларно, поранешниот стопер и натаму тврди дека за него искуството било посебно, особено во ситуација кога беше дел од „Галактико“ тимот на Флорентино Перез.

Вудгејт во крајно изненадувачки трансфер во 2004-та година го напушти Њукасл и се пресели во Реал Мадрид во зделка која ја шокираше цела светска јавност, особено ако се знае дека дефанзивецот пристигна со тешка повреда на „Сантијаго Бернабеу“.

– Договорот беше постигнат и тогаш имав лет до Минхен во приватен авион за да се видам со еден специјалист за да ми го провери мускулот кој ми беше скинат во тоа време. Потоа, полетав за Мадрид и се случи нешто смешно. Требаше да потпишам петгодишен договор и додека ги минував медицинските прегледи, докторот дојде и ми кажа дека има проблеми со мојата магнетна резонанца. Имав фрактура на грбот и тоа претставуваше проблем. Си мислев дека мојот сон заврши, докторот зборуваше со Флорентино и си помислив „толку од трансферот“. Иако докторот му кажал дека мојот грб е повреден, Флорентино реши да ми понуди договор од четири години, наместо пет, – открива Вудгејт во подкастот на Џејми Карагер и додава дека најмногу изненаден останал од Гути.

– На почетокот за мене беше вистински кошмар. Повреди, нов јазик, беше тешко. Но, соиграчите беа неверојатни. Роберто Карлос, Роналдо, двајцата Бразилци многу ми помогнаа. Кога одите во клуб како Реал Мадрид, не смеете да пропуштите ниту еден тренинг. Да загубите натпревар е како да сте загубиле во светска војна. Искрено, најмногу од сите ѕвезди ме изненади Гути, како тој ја контролираше топката, неговата елеганција. Беше неверојатен во вежбите со посед на топката, неговата лева нога беше магична, – додава Вудгејт кој потенцира дека останал најмногу изненаден од Гути и покрај тоа што другите соиграчи беа Бекам, Фиго, Зидан, Роналдо и Раул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни