Лига на шампиони
Играчите на Звезда добиле високи премии за победата над Штутгарт, ќе следат уште поголеми ако направат сензација на „Сан Сиро“
После четири порази во Лигата на шампионите, од кои три беа навистина тешки, Црвена Звезда пред две недели ја запиша првата победа во групната фаза, и тоа на начин на кој ги воодушеви своите навивачи.
Српскиот првак го декласираше Штутгарт со 5:1 и испорача „петарда“ во мрежата на Германците, па тоа сигурно прави играчите на овој тим да отпатуваат со далеку поголема самодоверба во Милано.
Црвена Звезда утре ќе му гостува на Милан на „Сан Сиро“, а во најавата за овој натпревар, пристигна информации за исплатени премии на сметка на играчите за премиерната победа во ЛШ, но и најави за уште поголеми доколку се случи сензација утревечер.
Водечките луѓе на Црвена Звезда одлучиле половина од бонусот кој се добива за победа во Лигата на шампиони да го прераспределат на сметките на играчите, со тоа што стартерите добиле по 65 илјади евра, а резервите двојно помалку.
УЕФА за три бода во најелитното натпреварување исплаќа по 2,1 милиони евра на сметка на клубовите, па играчите и стручниот штаб на Црвена Звезда поделиле нешто повеќе од 1 милион евра.
Како што јавува угледниот „Спорт Клуб“, играчите на првиот тим добиле уште поголема мотивација бидејќи премиите биле исплатени веќе следниот ден по победата над Штутгарт, но и ветување дека ќе добијат уште поголеми бонуси ако утревечер успеа да го изненадат Милан на негов терен.
-
АТП19 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија18 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација21 час
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија22 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија19 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија17 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан
-
Англија22 часа
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)