Поврзете се со нас

Македонија

Играчите на Вардар го кренаа гласот и си заминаа: Клубот го допре дното!

Објавено

на

Судбината на ФК Вардар е сериозно доведена во прашање и клубот може административно да биде префрлен во најнизок ранг на натпреварување, но на сето тоа, денеска пристигна и официјално соопштение од фудбалерите на првиот тим на кои очигледно им здодеаја празните ветувања.

Веќе извесно време се шпекулира за тоа кој ќе го преземе Вардар, а додека останатите клубови од Македонија почнаа да пазарат и да ги склопуваат тимовите за наредната сезона, во вардаровото семејство е навистина тензично, бидејќи иднината на клубот во овој момент е непозната.

Вардаровите фудбалери денеска едногласно порачаа дека го напуштаат клубот и дека состојбата е навистина критична, па долгот кој надминува 2 милиони евра може да резултира со испаѓање во четвртата лига и губење од мапата на македонската фудаблска гордост.

– Почитувана Македонска и спортска јавност, ова е соопштение од сите фудбалери на ФК Вардар. За жал вчера ја дознавме нашата судбина и судбината на клубот која е разочарувачка и после толку трпение, чекање, непочитувањето спрема фудбалерите, тренерите, целата администрација и вработени во клубот, не заслуживме ваков крај. Благодарни сме на нашиот газда што вложуваше толку во клубот, а на крај не разочара сите и не остави на цедило.

– Голема срамота до управата на клубот која има шампионска екипа и наместо да игра во Лигата на шампионите и да продава фудбалери тие дозволија клубот да го допре дното. Ние фудбалерите секогаш го остававме срцето на терен, се боревме со срце за боите на светиот дрес, имавме прекрасна атмосфера, имавме феноменални навивачи (Комити) и многу е жално што треба на таков неславен начин да се разделиме. Сите фудбалери бевме спремни да останеме во Вардар, но со тие лаги не можеме повеќе да ги издржиме . Сите ние имаме фамилии и нормално треба да гледаме за во иднина.

– Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на сите кои верувавте во нас и не поддржувавте до самиот крај . Вардар е голем тим , Вардар е најголем бренд во Македонија, нема подобро чувство кога ќе го облечеш тој дрес , затоа тој клуб не смее да згасне и спасете го што побрзо за доброто на цела Македонија, се вели во соопштението на вардаровите фудбалери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни