Поврзете се со нас

Лига на нации

Играчите на Сан Марино и Гибралтар изрежираа фудбалски циркус на кој се смее цела Европа (Видео)

Објавено

на

Денеска се одиграа натпревари од три дивизии во Лигата на нации, а од оние пониските, имаше средби кои се играа и во раниот термин од 15:00 часот.

Еден од нив беше пресметката меѓу нискорангираните селекции Сан Марино и Гибралтар, па како што можеше да се очекува, репрезентативците на овие два тима не воодушевија со фудбалската претстава.

Натпреварот заврши со најнепопуларните 0:0 и Гибралтар остана на првото место во својата група во Д дивизијата, но од друга страна, играчите на Сан Марино на големо го славеа својот втор бод во Лигата на нации.

Сепак, една ситуација од оваа пресметка во Лигата на нации предизвика огромен сеир на социјалните мрежи, а причина за тоа беше циркусот кој беше виден на теренот. Се започна со една соло акција на играчот на Сан Марино по која двајца играчи на Гибралтар се судрија и си посметаа еден на друг, продолжи со лош удар и нестварно лошо интервенција на голманот, а заврши со лош удар и лесна интервенција на дефанзивецот Сарџент.

Во превод, еве што се случува на теренот кога се соочуваат 210-та и 195-та репрезентација во светот…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни