Поврзете се со нас

Шпанија

Играчите на Реал тренираат веќе неколку денови, Азар го привлече вниманието со своите спори потези (Видео)

Објавено

на

Од таборот на Реал Мадрид веќе неколку денови држат индивидуални тренинзи во нивниот тренинг центар.

Во Валдебебас сите фудбалери на „кралскиот клуб“ полека ја враќаат формата која и тоа како ја изгубија за време на двомесечната принудна пауза предизвикана од коронавирусот.

Дека карантинот не влијаел најдобро на фудбалерите покажуваат и движењата на Еден Азар кој буквално беше непрепознатлив на тренинзите.

Од Реал Мадрид објавија видео од тренинг кампот во Валдебебас, а навивачите веднаш го забележаа начинот на кој тренира Азар.

Офанзивецот меѓу препреките се движеше доста бавно со топката, па видеото од неговиот индивидуален тренинг брзо се прошири на социјалните мрежи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни