Поврзете се со нас

Шпанија

Играчите на Реал се селат во Премиер лигата, Евертон сака да купи уште еден играч на „кралевите“

Објавено

на

Реал Мадрид во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да се ослободи од дел од своите фудбалери кои имаат високи примања, а кои не се во плановите на Карло Анчелоти.

Првично излегоа информации дека Маријано Дијаз е желба на тимот на Њукасл, а сега се појавија написи кои го поврзуваат Иско со трансфер во Премиер лигата.

„Мундо Депортиво“ пренесува дека некогашниот шпански репрезентативец е мета на Евертон, тим кој сака да го ангажира фудбалерот кој неколку години е далеку од својата препознатлива форма.

Оваа сезона, Иско има започнато на само два натпревари во Ла Лига за Реал Мадрид и не се исклучува негово заминување од клубот во јануарскиот преоден рок.

Минатата сезона во Евертон од Реал Мадрид пристигна Хамес Родригез кој не се снајде најдобро на „Гудисон Парк“ па ова лето мораше да го напушти тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни