Поврзете се со нас

Шпанија

Играчите на Мајорка ја имаа најлудата подготовка за еден пенал рулет и обезбедија прво финале после 21 година (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RCD_Mallorca

Мајорка го оствари најголемиот успех во последните две децении и за првпат се пласираше во финалето на Копа дел Реј по 2003-та година, а начинот на кој го направи тоа беше навистина драматичен и крајно неизвесен.

Тимот од Островот му гостуваше на Реал Сосиедад во реванш полуфиналето во Купот, па откако првиот натпревар заврши 0:0, овој вториот беше решен во пенал рулетот.

Регуларниот дел заврши 1:1 и се играа дополнителни 30 минути, но откако не се доби победник и во овој период, се пристапи кон удари од 11 метри.

Играчите на Мајорка беа порелаксиран и посмирени и ги погодија сите пет пенали за победа од 5:4, а единствен неуспешен реализатор беше Ојарзабал уште во првата серија.

Пред да дојде до тоа, вистински хит стана видеото од играчите и стручниот штаб на Мајорка, каде искусниот стручњак Хавиер Агире направи сите да се смеат и да скокаат, наместо да прават планови кои играчи ќе ги изведуваат пеналите.

Лудата подготовка за пенал рулетот стана вирална во Шпанија, па кој Мајорка првпат ќе се бори за трофеј по пауза од 21 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни