Поврзете се со нас

Шпанија

Играчите на Кадис доживеале хорор на пат кон Ел Салвадор, се појави и видео од внатрешноста на авионот

Објавено

на

Foto:x.com/Cadiz_CF

Кадис забележа само шест победи оваа сезона и тоа беше недоволно за да го задржи прволигашкиот статус, но неколку дена по испаѓањето во Втора лига, играчите на овој клуб доживеале вистински хорор.

Поради договорен пријателски меч во Ел Салвадор, експедицијата на Кадис се упатила од Херес кон земјата во Централна Америка, но пред да дојде до крајната дестинација, имало принудно приземјување во Севилја.

Механички дефект на авионот предизвикал огромна паника меѓу фудбалерите и дел од играчите на Кадис веќе ги проследија своите сведоштва од непријатното искуство, а два дена подоцна се појави и видео од внатрашноста на леталото.

Еден од членовите на стручниот штаб бил најхрабар и решил да сними како изгледале страшните моменти од внатрешноста на авионот, а видеото денеска беше пренесено од сите шпански медиуми.

Турбуленциите и звуците кои ги испуштал авионот навистина не биле воопшто пријатени, па откако пилотот безбедно го слетал леталото на земја, добил заслужени аплаузи од сите претставници на новиот шпански второлигаш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни