Играчите на Дерби го имаа последниот збор: Биелса исмеан од фудбалерите на Лампард по плејоф драмата во Англија

derbi-igraic

Марсело Биелса пред неколку месеци го шпионираше тренингот на Дерби пред првенствениот меч меѓу неговиот Лидс и фудбалерите на Френк Лампард, а бидејќи ваквиот потег на искусниот аргентински стручњак не наиде на позитивни реакции во таборот на Каунти, плејоф полуфиналето меѓу овие два тима имаше дополнителен жар.

Лидс влезе како голем фаворит во оваа пресметка, но на крајот беше елиминиран во полуфиналето, откако вечерва на домашниот „Еланд Роуд“ беше поразен со 2:4 од Дерби. Избраниците на Лампард ја надокнадија негативата од 0:1 од првиот дуел и со победата на гостински терен од 2:4 се пласираа во големото плеј-оф финале за влез во Премиер лигата, а драматичниот расплет на стадионот во Лидс кулминираше со провокација од играчите на гостинскиот тим. Главна мета секако беше искусниот Биелса, односно неговата шпионска акција која сега им послужи на играчите на Лампард за исмевање на искусниот стручњак.

Facebook Коментари