Поврзете се со нас

НБА

Играчите на Денвер научија српски израз од Јокиќ: Еден, два, три, опа…. (Видео

Објавено

на

Никола Јокиќ се врати на тренинзите на Денвер откако ги надмина сите непријатности кои му ги донесе коронавирусот, а од кампот на Нагетси во Орландо сега ни пристигна една навистина симпатична сцена.

Играчите на Денвер се стационирани во Орландо за каде е закажан рестартот на сезоната во НБА лигата, град во кој се наоѓаат сите 22 тима за кои е предвидено да продолжат со возбудувањата.

Враќањето на Јокиќ во тимот на Денвер ни донесе и еден комичен момент, односно беше прикажано видео на кое се гледа дека српските изрази кои ги користи Никола веќе имаат се поголемо значење во тимот.

Во негова чест, играчите на Денвер за момент го променија поздравот по крајот на тренингот, па покрај одбројувањето на американски јазик, јасно се слуша и српското „Опа“.

– Еден, два, три, ОПААА….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни