Играчите на Барселона ја слават одлуката на Гризман

colo-grizi

Во текот на вчерашниот ден и тоа во вечерните часови Антоан Гризман и стави крај на сагата и ги реши сите дилеми околу својата иднина со тоа што одлучи да остане во Атлетико Мадрид.

Неговата дилема беше дали да продолжи на „Ванда Метрополитано“ или пак да летне во Барселона за да на крајот пресече, се одлучи за првата опција и им остане верен на „колчонеросите“. Оваа одлука претставуваше разочарување за Барселона пред се за претседателот Бартомеу и неговите соработници кои инсистираа да го видат Гризман на „Камп Ноу“, но ако се прашуваат играчите на шпанскиот шампион тогаш оваа одлука на напаѓачот ја одобруваат.

Имено „Спорт“ излезе со информација од играчите, односно од соблекувалната на Барса која со задоволство го прифати големот „НЕ“ на Гризман. Наводно на нив не им се допаднал целиот тој спектакл за одлуката, шоуто, документарецот, но и фактот што навреме не се одлучи за Барселона. Според нив еден играч на Барселона не треба така да се однесува, па затоа тие без проблем, без грижи ја примиле одлуката на Французниот.

-Сега ќе дојде некој друг, -ги пренесува „Спорт“ зборовите на играчите.

Наводно дел од играчите не се задоволни ниту од Пике и неговото учество во документарецот, односно ова го посочуваат како уште еден пример зошто Жерард не е капитен на екипата, затоа што едноставно не ги претставува.

Facebook Коментари