Македонија
Играчите и стручниот штаб се исповедаа за хаосот во Работнички: Пари не сме земале со месеци, сами си ги плаќаме термините за тренинг!
Работнички има променливи резултати од стартот на сезоната, но со оглед на огромната криза која владе во клубот од Центар, истите и не се толку лоши во домашното првенство.
Најтрофејниот македонски клуб одново се соочува со тешка финансиска ситуација и досега тоа „тивко“ се криеше во јавноста, но играчите и стручниот штаб на првиот тим сега решија сами да ја споделат голготата низ која минуваат во последно време.
Професионалните играчи на Работнички заедно со членовите на стручниот штаб, денеска излегоа со официјално соопштение до спортските медиуми, од кои побараа да ја пренесат реалната слика за состојбата во која се наоѓаат.
Соопштението ви го пренесуваме во целост:
– Следствено последните збиднувања во клубот, ние, играчите и стручниот штаб на КК Работнички, решивме преку ова соопштение да ја обелодениме немилосрдната ситуација во која се наоѓаме. Последните четири месеци сме буквално оставени на милост и немилост од страна на управата во клубот. Освен Бранко Радевски, ниту еден друг член од истата, вклучувајќи го и спортскиот директор Горан Веселиновски, не се појавил пред лицето на играчите.
– Тоталната негрижа и незаинтересираност се само едни од низата разочарувачки последователни настани кои ги преминаа сите граници. Финансиските проблеми се повеќе од очигледни (на некои од играчите им се должат дури и пет плати од оваа и минатата година), меѓутоа, уште позастрашувачки е фактот што ние се наоѓаме во една крајно незавидна ситуација каде што веќе две недели немаме сала за тренинг и тренираме во школска сала која ги нема основните услови за еден тренинг каков што треба да има еден кошаркарски клуб од првата лига.
– Немаме ниту соодветни кошаркарски топки, немаме никакви лекарства. Мраз и бандажи за зглобови се мисловна именка. Замислете, доведени сме во ситуација ние сами да си платиме термин за тренинг во СЦ Борис Трајковски, само како би можеле да се подготвиме за претстојниот натревар против екипата на Пелистер. Постојат играчи и членови на стручниот штаб кои сами ги плаќаат кириите за становите каде што живеат, зашто во спротивно би биле избркани поради неплаќање од страна на управата, на некои натпревари патувавме со сопствени автомобили поради неспособноста да се најде превоз за целата екипа.
– Бевме испратени на пат до Сараево кој трае дванаесет часа без ниту еден оброк. Доведени сме во ситуација да размислуваме за сите пропратни работи во клубот освен да се фокусираме на нашата игра која треба да е наш приоритет. Сите клубови ги добија своите ваучери освен нашиот поради административни пропусти на веќе споменатите (не)одговорни лица. Поради горенаведените збиднувања со кои сме соочени, нашето присуство на следниот натпревар во недела се доведува под знак прашалник. Доколку не се преземат конкретни чекори за подобрување на ситуацијата очекуваме да наидеме на разбирање од спортската јавност за нашите постапки. Спортски поздрав.
-
Свет23 часа
Реал во група со тимот на Нејмар и Митровиќ, Интер Мајами ќе игра на отварањето на Светското клупско првенство (ФОТО)
-
Свет22 часа
Кјелини за дебатата Меси или Роналдо: Ако треба да изберам еден за финале…
-
Шпанија10 часа
Мијатовиќ за ситуацијата во Реал: Анчелоти мора да испрати некого „по ѓаволите“
-
Шпанија24 часа
Ван Дер Варт за Мбапе: Тешко му е да прифати дека е „само уште еден играч“…
-
Италија21 час
Лацио го исфрли Наполи од Купот на Италија (ВИДЕО)
-
Англија12 часа
Постекоглу имаше непријатно соочување со фановите на Тотенхем по новиот пораз, па го искоментира инцидентот (Видео)
-
Формула 19 часа
Расел му одговори на Ферстапен, Макс повтори дека е шокиран од случувањата во Катар
-
НБА12 часа
Јокиќ испорача трипл-дабл за историја, Денвер не успеа да му парира на Кливленд