Поврзете се со нас

Англија

Играч на Вулвс повторно се исклучи и тргна да се пресметува со премиерлигашки ривал (Видео)

Објавено

на

Вулверхемптон е предодреден да се бори за опстанок оваа сезона, битка која станува уште потешка за „волците“ после дербито на дното кое го загубија денеска.

Иако играа на домашен терен, избраниците на Гери О’Нил загубија од Ипсвич со 1:2 и дополнително си ја влошија ситуацијата, а тоа повторно донесе нетрпеливост на теренот.

Ако пред пет дена Марио Лемина беше тој кој влезе во физички контакт со Џарод Боуен по крајот на натпреварот со Вест Хем, сега момент на помрачување имаше Рајан Аит Нури.

Алжирецот тешко се помири со поразот и почна да се турка со еден од играчите на Ипсвич, па мораше сериозно да биде влечен и туркан од соиграчите за да не дојде до поголем циркус.

Нервозата која ја покажуваат играчите на Вулвс јасно укажува на тоа дека атмосферата во тимот е далеку од идеална, а сега останува да се види дали казна ќе добие и Аит Нури, откако Лемина поради својот испад остана без капитенската лента.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни