Свет
Играч на Венецуела го замолкна Бразил со акробација која не се гледа често: Овој гол ќе го паметат и моите внуци! (Видео)

Бразил го имаше првиот кикс во квалификациите за Светско првенство и беше сопрен на домашен терен, пред се благодарение на импровизацијата која ја режираше еден фудбалер на Венецуела.
„Кариоките“ поведоа со голот на Габриел и имаа уште најмалку три шанси да ја потврдат победата, но во ситуација кога не го направија тоа, оставија резултатот да биде отворен и беа казнети на спектакуларен начин.
Венецуела режираше една контра во 85-та минута и првично центаршутот не изгледаше премногу опасно, но Едуард Белјо се погрижи за фасцинантна атракција од која застанува здивот.
Офанзивниот фудбалер на Венецуела постигна гол кој ќе го памети до крајот на животот, а во тој контекст оди и изјавата која ја даде по крајот на средбата која заврши 1:1.
– Да влезете во игра во завршницата пред преполн стадион во Бразил и да постигнете гол за израмнување против петкратен светски шампион е нешто што никогаш нема да го заборавам. Ова ќе го паметат моите деца и моите внуци. Ова е сон од кој не сакам да се разбудам, – изјави Белјо.
Mientras tanto… la seleccion de Los Olivos (Venezuela/Peru 2) pic.twitter.com/XcKDOTBhfd
— Universitario de Deportes Shitposting (@ShitpostingU24) October 13, 2023
Para no dejar de verlo 😍
¡Qué golazo marcó Bello!pic.twitter.com/xLYZg5vH5C
— Sports Venezuela (@SportsVZLA2) October 13, 2023
-
Англијапред 15 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 14 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 13 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 14 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 16 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 9 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча