Играч на Сошо изведе луд акробатски аут за паметење и ја фрли во транс цела Франција (Видео)

aut-soso

Ако некој играч беше специфичен според начинот на кој ги изведуваше аутите, тоа дефинитивно беше Рори Делап кој како член на Стоук постојано претставуваше закана за противничките одбрани, а говорејќи на оваа тема, сега ни пристигна една уникатна ситуација од фудбалска Франција.

Играчот на Сошо, Адолф Теикеу стана апсолутен хит во Франција поради начинот на кој изведе еден аут во судиското надополнување од мечот со Париз, а неговата акробација има посебна тежина и поради тоа што се одлучи да ја направи истата во ситуација кога неговиот тим бркаше резултат.

Лудото салто со исфрлање на топката како од катапулт експресно стана хит на социјалните мрежи, а фудбалерот од Камерун сосема заслужено го добива публицитетот од комплетната јавност во Франција.

Facebook Коментари